Медиумски дисиденти / Media Dissidents

„Мала школа за антифашизмот – медиумите и отпорот“
13-14 декември, 2013
НГ Мала Станица и ГЕМ клуб, Скопје

[please scroll down for english version]

“Медиумски дисиденти”

Состојби

Состојбата во која се наоѓаме е состојба на медиумски дисиденти, состојба на окупација на критичкиот, слободен медиумски простор, што, секако, е знак за окупација на целокупниот социо-културен, политички и приватен простор. Како медиумските дисиденти да истапат во дистопичниот простор на јавната сфера, и како тактички, но ако е потребно и радикално, да дејствуваат низ општествените капилари, низ мислењето, низ сликите на историјата, сегашноста и иднината. Како да се сочува, да се коментира духот на времето, на меѓувремето, на премините и кривините.

Сега се наоѓаме во некакво ретроградно движење на вистината. Својствата на медиумите се изобличуваат, се моделираат од ден на ден. Тие не се веќе трансмитери, тие се обликувачи, интегрален дел на конституирањето на моќта. Тие се оние кои ја вообличуваат, востановуваат и ја разобличуваат.

Медиумскиот простор во Република Македонија е задушен во сопственото подаништво и немоќ да обезбеди перспектива за аналитички, критички хоризонт преку кој ќе се ослободи браната на демократијата. Ние сме управувани постојано, нашето мислење е моделирано, нашите вкусови се моделирани, нашите идеи се сугеирани, и тоа најчесто на речиси невидлив начин. Токму ова  е начинот на кој нашите „демократски“ општества се организирани. Огромен број луѓе мора да соработуваат во овој дух доколку сакаат да живеат заедно во едно функционално, „мазно“ општество. Владејачките структури имаат цел да го стеснат изборот и светогледот и да го заробат умот пропагандно, користејќи ги медиумите за „оглас“ на своите коруптивни, криминогени, националистички, ретроградни, фашистички политики и идеолошки матрици. Свесното и интелигентно манипулирање со организираните навики и мислења на масите, на мноштвото, на групите е клучната алатка преку која се мери нивото на авторитарната нарација. Јасно е дека ние сме заложници на медиумската неслобода во која моќните дискурси на политичкото имаат очигледна намера да го исклучат критичкиот и постојан дијалог со понудената и контролирана стварност.

Блокот на моќта владее со социо-културниот простор токму затоа што не ја наметнува својата идеологија со сила, туку со методот на постепената експанзија и притисок преку медиумите, кои ја принудуваат потчинетата група на тивко прифаќање на барањата на мнозинството, при што тоа барање станува во еден миг заедничко и ги онезвозможува драстичните и опасните конфликти. И токму затоа треба да се создаде „арена на отпор и преговарање“.

Тактики за промена – лебедот Аркзин (http://arkzin.net/)

Во 90тите години на минатиот век, поточно во септември 1991, кога се разгоруваа крвавите национализми во тогашна Југославија, се појави лебедот на медиумската антинационалистичка, па и антифашистишка (во поширокото значеше на зборот) битка, фанзиноското издание на хрватскиот магазин Аркзин. Аркзин е еден од ретките медиуми кои се појавија во регионот, а кои јасно теориски и политички се артикулираа во медиумската сфера како некој кој со секој вид, облик на изразување, теориско, политичко и графичко се поставува независно, како оперативна алтернатива и како некој кој постојано обезбедува простор за расправа. Целта на уредничкиот тим беше да укаже на нужноста но и на можноста за остро, критичко и тактичко спротиставување, со прецизна стратегија и методологија на сите идеологии кои сакаат да завладеат со нас – етно-националистички, економски, културни, пазарни, фашистички, комунистички, неолиберални.

Аркзин, во времето на разгорувањето на југословенските национализми, воспостави фронт против обидот во Хрватска да се задуши критичкото мислење и да се остави простор на националистичките нарации. Уредништвото на Аркзин (Борис Буден, Весна Јанковиќ и Дејан Кршиќ) се постави наспрема „општеството на спектаклот“, правејќи го речиси неможното – тие успеаа, во тогашната радикално националистичка и диктаторска Хрватска, да отворат прозорец низ кој ќе се осознае дека политичкиот преовладувачки спектакл е само илузија која ја ползува медиумската „окупација“ за да ја покаже својата  надмоќ. Аркзин е парадигма, референтен и единствен модел за транзициониот период за тоа како суштински треба и може постојано да се истражуваат форматите на отпорот и доследно да се преобликуваат онака како што би можеле најефикасно да ги декодираат, читаат пораките на официјалната култура/пропаганда, кои таа ги испраќа кон општествено различните групи.

Изложбата на архивата на Аркзин, проследена со дискусија, а наречена „Мала школа за антифашизмот – медиумите и отпорот“, има цел да ги прикаже можните алтернативи за реакција во јавниот медиумски простор, преку примерот на револуционерното хрватско списание Аркзин и Agentur Bilwet и важноста во користењето на тактичките медиуми во 1990 те во Хрватска, но и уште поголемата важност од тактичко користење на медиумите денес, во Македонија. Аркзин, во услови на националистичко меинстрим општество, одигра формативна улога на општествен ангажман и културно-уметничка активност на цела една помлада генерација. Станува збор за своевиден поглед наназад во историјатот на медиумската култура, со цел да се испитаат денешните перспективи и употребливост на тактичките медиуми во доба на социјални мрежи.

Изложбата и дискусијата ќе ја презентираат и понудат историската и теориската рамка за ре-валоризација на еден значаен, а сè уште запоставен феномен на медиумските практики од пост-југословенските 90-ти преку дејствувањето на колективот Аркзин.

На Македонија во овој миг ú е потребно да го согледа искуството на Аркзин, преку архивите кои ќе бидат претставени на изложбата и преку критичката дебата која ќе биде реализирана во рамки на изложбата. Целта на изложбата, а особено на дебатата е да се осознае и охрабри потиснатата и маргинализирана критичка маса да создаде медиум кој ќе прикажува сето она што другите нема да сакаат да го прикажат. Потребен ни е медиум кој ќе зборува за поединецот а не за толпата, кој ќе го трасира степенот на слободата, кој нема да биде само преносен вектор на доминантниот глас туку ќе биде бургија во заболеното општествено ткиво.

* * * * *

„Small school of anti-fascism – the media and the resistance“
13 – 14 December, 2013
NG- Small station and GEM Club, Skopje 


‘Tactics for change – the swan Arkzin’

In the 1990’s, precisely in September 1991, when the nationalisms of the former Yugoslavia were booming, appeared the swan of the anti-nationalist media battle, the Croatian fanzine Arkzin. Arkzin is amongst the rare media that appeared in the region, and which clearly theoretically and politically were articulated in the media sphere as something which with every kind, shape of expression, theoretical, political and graphic will juxtapose itself independently, as operative alternative and as something which constantly enables space for discussion.
The aim of the editorial board was to point out on the necessity as well as the possibility for sharp, critical and tactical opposition, with precise strategy and methodology of all ideologies that want to became ruler – ethno-nationalistic, economic, cultural, market oriented, fascist, communist, neo-liberal…

In these times, Arkzin established a front against the attempt to succumb the critical thought in Croatia and to leave space for the nationalistic narratives. The editorial board of Arkzin (Boris Buden, Vesna Jankovic and Dejan Krsic) established itself against the ‘society of spectacle’, making the almost impossible – they managed, in then radically nationalistic and dictatorial Croatia to open a window which will acknowledge that the prevailing political spectacle is just an illusion that is using the media ‘occupation’ to show its superiority.

Arkzin is a paradigm, and unique reference model for the transitional period which shows how  one could essentially and constantly explore formats of the consistent resistance to reshape the way we could efficiently decode, read messages of the official culture/propaganda, the ones that are sent to different social groups. The exhibition of the archive of Arkzin, followed by discussion, and called “Small School of anti-fascism – the media and the resistance,” aims to present possible alternatives to public media space reaction, through the example of the revolutionary Croatian magazine Arkzin and Agentur Bilwet and the importance in use of tactical media in the 1990’s in Croatia, but even more the need and still growing importance of using tactical media today in Macedonia.

Arkzin, amid the nationalist mainstream society, played a formative role of social engagement and cultural and artistic activity of an entire younger generation. It kind of looks back at the history of media culture, in order to examine today’s perspectives and usability of tactical media in an age of social networks. The exhibition and the discussion will present and offer historical and theoretical framework for re-valuation of an important and yet neglected phenomenon of media practices of post-Yugoslav 90s through the activities of the Arkzin collective.

Macedonia at the moment necessarily has to perceive the experience of Arkzin, through the archives that will be presented at the exhibition and through the critical debate that will be realized in the framework of the exhibition. The aim of the exhibition, and particularly of the debate is to acknowledge and encourage the repressed and marginalized critical mass to create a medium that will display everything that others would not want to show. We need a medium which will talk for the individual and not for the crowd, which will pave the degree of freedom that would not only be a transmission vector of the dominant voice but will drill in the diseased social tissue.

Advertisements